Северина и Игор повеќе не се заедно. Според хрватскиот портал „24 сата“ Северина овој викенд на настап во Сплит не го носела својот прстен на раката. Прстен не носела ниту на плажа со своите пријателки викендов.
Севе во моментов ужива и одмора во градот под Марјан. Таа прво оддржала концерт во клубот „Ванила“ а потоа крстарела по островите, пишува хравтски 24 часа.
Во Сплит пеачката потоа се сретнала со екс манекенката Ива Радиќ со која се смирила откако наводно им биле заладени односите бидејќи не и отишла на големата забава.
Во неделата Северина се прошетала со пријателките.
Друштво и правеле сплитската фотографка Соња Дворник, која од неодамна и е многу блиска пријателка, роднината Миа Поповиќ, која не се дели од Северина, и секако и била и на концертот а оди и во шопинг за Севе и со пријателката на Соња Теа Шимац.
На социјалните мрежи Северина на фотографијата на весели девојки во провод напишала „Секс и град по Сплитски.“