Хрватската пејачка Северина Којиќ и нејзиниот сопруг Игор Којиќ се разделени подолго време. Последните месеци таа го поминуваше најголемиот дел од своето време во Хрватска, а Игор е во Србија.
Пред неколку месеци почна да се шпекулира дека на бракот на пејачката Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33) му дошол крајот. Дека е тоа така, не може да се каже со сигурност затоа што тие никогаш не се огласија по тој повод, но објавите на социјалните мрежи сведочат низ месеците дека парот е разделен – таа поголемиот дел од времето го поминува во Хрватска, а Игор е во Србија, пренесува „Вечерњи.хр“.
Сите се посомневаа дека нешто чудно се случува кога на социјалните мрежи сите од семејството Којиќ, односно таткото на Игор, пејачот Кеба, неговата сопруга Оља и сестрата на Игор, Наташа, престанаа да ја следат Северина на социјалните мрежи. Сите го направија тоа, освен 33-годишниот Игор. За нивниот однос неодамна за српските медиуми проговори и самиот Кеба.
– Не знам каде се ниту пак, знам каков е нивниот однос. Возрасни луѓе се и претпоставувам дека знаат, а и секогаш знаеле што да прават. Од друга страна, сè што прават, си прават себеси – рекол тој.
ФОТО: Инстаграм/Фејсбук