Северина и Игор Којиќ се во брак од септември 2015 година, а последните месеци се шпекулира за нивните проблеми. Веќе со месеци се шушка за брачните проблеми помеѓу 49-годишната Северина и нејзиниот 15 години помлад сопруг, спортскиот менаџер Игор Којиќ. Тие гласини, двајцата сопружници дополнително ги поттикнуваат со потези, како што е последниот.
Последните заеднички фотографии што Игор и Северина ги објавија на своите профили на Инстаграм сега се избришани, пренесуваат регионалните медиуми.
И покрај тоа што Северина минатото лето му го честиташе роденденот на Игор, додека медиумите пишуваа дека се наоѓаат во брачна криза, сè повеќе се шушка дека хрватската пејачка и нејзиниот сопруг, сепак, се разделуваат.
За тоа сведочи роденденската честитка која сега е избришана од Инстаграмот на Северина.
Последната заедничка фотографија од парот, објавена од Којиќ, исто така веќе ја нема на таа социјална мрежа. Тој ја избришал.
Фотографиите што ги објавиле порано сè уште се наоѓаат на нивните профили на Инстаграм.