СЕВЕРИНА ГО ПРОСЛАВИ СО СИНОТ НЕГОВИОТ 11-ТИ РОДЕНДЕН Емотивните моменти од егзотичната дестинација го разнежнија регионот (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ вчера заедно со синот Александар го прослави неговиот 11-ти роденден.

1,391

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ вчера заедно со синот Александар го прослави неговиот 11-ти роденден.

Пејачката на својот Инстаграм сподели емотивно видео со песната „Се што имам, тоа си ти“, во кое видно среќно се смешка во прегратките на синот Александар, со роденденски капи на главите.






„Среќен роденден на мојот ангел, мојата најголема љубов, мојот син! Се што имам си ти“, напиша Северина со емотивно видео кое предизвика многу симпатии кај нејзините следбеници.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Коментарите само се нижат, а меѓу првите честитаа пејачките  Ана Бекута, Наташа Беквалац и Селма Бајрами.

„Си родила себе Северина во машка форма“, „Каков поглед… искрена љубов“, „Иста мајка“, се само дел од коментарите под објавата на пејачката.

Недолго потоа, Северина сподели уште едно видео од роденденската прослава на нејзиниот син Александар, каде тој ги дува свеќите за 11-тиот роденден со мајка му на егзотична дестинација, Малдиви. Расположението било на високо ниво.

„Среќен роденден на моите најмили мажи“, напиша Северина, додека синот Александар и нејзиниот менаџер ги дуваа свеќите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини