Северина го цитирала најпознатиот силувач, обожавателите ја нападнаа! ФОТО

1,235

Пејачката Северина (48) објавила фотографија на социјалните мрежи на која седи на кревет, а облечена само во бела кошула. На нејзините следбеници, се чини, дека повеќе им паднало во око описот на фотографијата.

„Жените не сакаат да го слушнат што ти го мислиш. Жените сакаат да го слушнат она што тие го мислат… Само со подлабок глас“, напишала Севе, и под цитатот го потпишала комичарот Бил Козби (82).






Поради бурното минато на комичарот и актер, многу нејзини следбеници ја осудиле поради тоа што токму Козби го цитирала.

„Без разлика што рекол. Но, Бил Козби не е добар пример. Тој им нанесе толку зло на жените. Зошто го цитираш него?“, коментирале под фотографијата.

Пејачката набрзо одговорила на тој коментар, а се чини дека не следела се случи со Бил Козби.

„Немав поим, ако ова е точно, тогаш овој цитат не му припаѓа нему. Веројатно го слушнал некаде па го присвоил“, напишала Северина.

Набрзо потоа, овие два коментари исчезнале, а Северина го сменила и својот опис на фотографијата.

„Сонувачите ја чувствуваат зората пред другите“, сега стои покрај фотографијата.

Да потсетиме, Бил Козби беше обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе од 60 жени. Како што тврдат, тој прво ги дрогирал, а потоа ги силувал. На почетокот, Бил негираше сè, но на крајот призна дека им давал опијати на девојките пред сексот … Пред две години, тој беше прогласен за виновен за дрогирање и силување на тренерката по кошарка Андреа Костанд, и му беше изречена затворска казна од три до десет години.

 

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини