📷 СЕВЕРИНА ГИ РАСПАМЕТИ ОБОЖАВАТЕЛИТЕ Пејачката во секси фустан на Викторија Бекам од 1.888 евра
Популарната хрватска пејачка Северина сè уште е на одмор во Франција, од каде веќе сподели неколку фотографии кои сведочат за заслуженото опуштање и одмор, а сето тоа е проследено со незаборавни модни комбинации.
Популарната хрватска пејачка Северина сè уште е на одмор во Франција, од каде веќе сподели неколку фотографии кои сведочат за заслуженото опуштање и одмор, а сето тоа е проследено со незаборавни модни комбинации.
Северина во моментов престојува во францускиот приморски град Бијариц, а на својот профил на Инстаграм сака да споделува фотографии од своите патувања.
Таа остави впечаток со ретро здолниште и топ од брендот „Долче и Габана“, а сега претстави романтично издание на британската дизајнерка Викторија Бекам.
Северина сподели фотографии во интересен вечерен фустан со потпис на Викторија Бекам.
View this post on Instagram
„А третата беше бојата“, напишала Северина со фотографиите на кои позира во провокативен бел фустан, со смело деколте меѓу градите, а кај својата публика предизвика многу позитивни реакции.
„Најубава си“, „Колку ти стои овој фустан“, „Слатко“, „Секогаш си толку елегантна“, „Убавица“, се дел од коментарите под објавата.
Инаку, станува збор за фустан од колекцијата ready to wear за пролет и лето 2024 година, а изработен е од вискоза и сатен. Задниот дел е отворен, со исклучок на тенка лента каде што се спојуваат ремените и која паѓа по грбот, а неговата целосна цена беше 1.888 евра пред да биде на попуст.
View this post on Instagram