СЕВЕРИНА ГИ НАПАДНА НОВИНАРИТЕ Не сум јавна вреќа за млатење, Којиќ е прекресен
Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви. Мене мојот живот не можете да ми го уништите, но за вашиот, имате шанса да го поправите - вели Северина.
Хрватската пејачка Северина и Игор Којиќ и официјално се разведоа, а таа на социјалните мрежи го испофали својот поранешен маж.
– Игор е прекрасен партнер, поддршка, беше со мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за „млатење“. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви. Мене мојот живот не можете да ми го уништите, но за вашиот, имате шанса да го поправите – вели Северина.