📷 „СЕВЕРИНА Е ПОЛОША ОД ШВЕРЦЕРКА И ДИЛЕР НА ДРОГА“ Карлеуша остро ја нападна хрватската пејачка велејќи дека таа пропагира фашизам и омраза

Во случајот со пејачката Северина, која гласно го слави геноцидот врз хрватските граѓани од српска националност, најмалку што може да направи оваа земја е да го претресе нејзиниот автомобил, пишува Јелена Карлеуша.

862

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ пред два дена го привлекла вниманието на српската полиција на граница, што предизвика низа коментари, меѓу кои се истакна остриот тон на регионалната музичка ѕвезда Јелена Карлеуша.

Северина беше приведена неколку часа по редовната процедура при влез во Србија, а потоа следувало нејзино враќање во Хрватска.






– Секој кој себе се нарекува чесен човек, добар човек и човек со здрав разум, јавно ќе осуди некој што слави и се радува на протерувањето на половина милион луѓе од една земја. Во случајот со пејачката Северина, која гласно го слави геноцидот врз хрватските граѓани од српска националност, најмалку што може да направи оваа земја е да го претресе нејзиниот автомобил. Затоа што таа е многу полоша од шверцерка и дилер на дрога. Таа е некој што пропагира фашизам и омраза, а за такви во Србија нема место – остро Карлеуша ја нападна Северина.

фото: Принтскрин

Потсетуваме, неодамна сопругот на Карлеуша, фудбалерот Тошиќ, ѝ пишуваше дописки на Северина канејќи ја на јахта во Турција во периодот кога тој и сега „смирената“ сопруга Карлеуша беа пред развод.

Па оттука и не се за чудење острите напади на Карлеуша против Северина без разлика на вистинските причини.

„МЕ ИСПРАШУВАА ЗА ЈАСЕНОВАЦ, ЗА СРЕБРЕНИЦА, ЗА ЛИТИУМОТ…“ Не одам повеќе во Србија додека е Вучиќ на власт, вели Северина за инцидентот на границата

Поврзани содржини