📽 СЕВЕРИНА ДОЖИВЕА БЛАМАЖА ВО ЖИВО „Тебе подобро ти стои да ги држиш јајцата“

Дали е тоа твоето јајце, Северина? Од кралицата кокошка? Чекај, имам уште едно јајце... Не е толку големо, но ќе биде добро - рече водителот Саша Лозар, посегнувајќи во џебот за да покаже на кое јајце мисли, во преносот во живо на ХТВ од музичкиот спектакл Дора.

5,987

Популарната пејачка Северина доживеа бламажа во живо на хрватскиот избор на песна за Евровизија, музичкиот спектакл Дора. Непријатноста што ` ја приреди водителот освен што се пренесуваше во живо на хрватсската анционална телевизија, брзо се прошири и на социјалните мрежи.

Северина се појави на сцената како изненадување во настапот на групата Let 3 која се натпреваруваше на Дора, а нејзиниот настап привлече големо внимание.






Таа на сцената се појави во жолт костим со голем чекан, а потоа имаше огромно пластично јајце кое им го нудеше на останатите кандидати.

Тогаш до неа пријде пејачот и радиоводител Саша Лозар и праша:

– Дали е тоа твоето јајце, Северина? Од кралицата кокошка? Чекај, имам уште едно јајце… Не е толку големо, но ќе биде добро – рече тој, посегнувајќи во џебот за да покаже на кое јајце мисли.

Ова не е единствената сцена со јајцата на Северина која ги шокираше гледачите. Натпреварувачот Еуген Стјепан Вишиќ ја запрепасти јавноста кога Северина му подари јајце.

– Јас мислам дека држењето на јајцата тебе многу подобро ти стои отколку мене. Дали можеш да го направиш тоа? – рече Вишиќ, а Северина остана без зборови.

@idjshowfunny #CapCut #severina #dora2024 #eurovision ♬ original sound – idjshow

Поврзани содржини