🎥 СЕВЕРИНА Ѝ ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕН НА НАЈДОБРАТА ПРИЈАТЕЛКА „Секогаш те гледам како да си мое дете“

Како и минатата година, така и оваа, Северина на Инстаграм упати посебна честитка за роденден до нејзината долгогодишна пријателка и соработничка Ведрана Васиќ, со која се запознале кога пејачката имала 27, а таа само 12 години

0

Со емотивно видео од нивните заеднички моменти, Северина на Инстаграм упати посебна честитка за роденден до нејзината долгогодишна пријателка и соработничка Ведрана Васиќ и уште еднаш покажа колку ѝ значи нивното пријателство.

– … Затоа што секогаш те гледам како да си мое дете, она што го нарекував „паметница“… и затоа Ведрана не е баш случајно Ведрана, ама тој Водолија во знакот 😂🤦🏻‍♀️. Среќен роденден, драга – напиша Северина, а објавата брзо предизвика лавина од позитивни реакции.






Нивната блискост не е новост за следбениците бидејќи Северина никогаш не криела колку е важна Ведрана за неа. Освен што споделуваат силно пријателство, тие неодамна уживаа во заедничко патување во Виена, каде што им се придружија синот на Северина, Александар, и внуката Миа Поповиќ, дополнително заокружувајќи ги моментите исполнети со блискост и смеа.

Инаку, Ведрана често ја придружува пејачката на патувања, и деловни и приватни, и е авторка на книгата „Добредојдовте во клубот“ од 2014 година, која ја претстави Северина во претходно непознато светло.

Таа беше покрај пејачката и за време на нејзината правна битка за синот, по разводот од Игор Којиќ, како и за многу други проблеми.
Ведрана и Северина се познаваат уште од 12-годишна возраст на Ведрана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини