Северина без синот на Велигден: Точно 30 дена како не сум го допрела, гушнала, погалила по коса

565

Хрватската пејаќка Северина Којиќ во саботата вечер на Инстаграм во живо ја искористи приликата на своите обожаватели да им се пожали дека иако овој викенд би требала да биде со синот Александар, за време на католичкиот Велигден, сепак, не е.

– Мојата мала љубов, која според некоја привремена мерка припаѓа половина од велигденските празници и понатаму не е со мене. Денеска се точно 30 полни дена како не сум го допрела, прегрнала, погалила по коса, почувствувала и заспала покрај него. Затоа, додека го чекам тој момент, јајцата ги бојадисав како и минатите седум години, колку Велигдени помина со мене – рече Северина.






Привремената мерка ја донесе судијката од Општинскиот граѓански суд во Загреб. Според таа мерка Северина има право да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд од сабота од 10 до недела до 20 часот. Со оваа мерка е регулирано и дружењето на мајката и синот во текот на летните и зимските празници, како и државните и верските.

Минатиот месец Северина се пожали дека нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ одлучил себе и синот да се стават во самоизолација, бидејќи на почетокот на март биле во Австрија. Таа тогаш била во Белград и остана во главниот град на Србија, во куќата на нејзиниот свекор Драган Којиќ Кеба.

FOTO: Instagram/Printskrin

Поврзани содржини