СЕВЕРИНА БАРА СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ПОРФИРИЈ ДА СЕ ПОКАЕ Го прекрсти моето дете во православна, а тоа веќе крстено во католичка црква!

„Нека се покае за своите гревови и нека се моли за спасение на неговата душа. Ќе му треба!“, му порача Северина на Порфириј.

1,705

Хрватската суперѕвезда Северина Вучковиќ, која неодамна ја доби правната битка за старателство над нејзиниот син Александар, го повика српскиот патријарх Порфириј да се покае што дозволил детето крстено во католичка црква повторно да се крсти во православната црква, без согласност на мајката.

Во големото интервју за H-alter.org, што вчера ја потресе јавноста, пејачката Северина Вучковиќ го обвини таткото Милан Поповиќ за ментална злоупотреба врз неа, и наведе судии, лекари, работници во центарот за социјални работи и моќни луѓе, кои, како што наведува, систематски работеле со нејзиниот поранешен во Загреб детето  трајно да ѝ биде одземено.






Таа вели дека еден од тие моќни луѓе е новоизбраниот поглавар на Српската православна црква, Порфириј.

– Тука е и новоизбраниот поглавар на Српската православна црква, славниот Порфириј, пријател на Милан, кој наводно ми простува нешто, a јас не барам прошка од него. Попрво нека се покае за своите гревови и нека се моли за спасение на неговата душа. Ќе му треба. Порфириј, како добар пријател на Милан, дозволил детето крстено во католичката црква повторно да се крсти во православната црква без согласност на мајката. Тоа го нема никаде -изјави Северина.

Во изминатите неколку дена во јавноста протекоа гласини дека Северина испратила заканувачки пораки до патријархот и дека затоа тој ја пријавил во Државното обвинителство на Република Хрватска.

Поврзани содржини