🎥 СЕСТРИТЕ НАДЕР ПРОШЕТАА ПОКРИЕНИ САМО СО БАЛОНЧИЊА Згодната четворка ги шашардиса минувачите на њујоршките улици
Сестрите Брукс Надер, Џејн Надер, Грејс Надер и Мери Надер уште еднаш докажаа дека знаат како да привлечат внимание каде и да се појават. Овојпат решија да прошетаат по улиците на Њујорк „облечени“ во необични креации направени од проѕирни меурчиња, кои изгледаа како уметнички инсталации.
Четирите атрактивни сестри, Брукс Надер, Џејн Надер, Грејс Надер и Мери Надер уште еднаш докажаа дека знаат како да привлечат внимание каде и да се појават.
Овој пат тие решија да прошетаат по улиците на Њујорк во навистина необична облека – облечени во необични креации направени од проѕирни меурчиња, кои изгледаа како уметнички инсталации.
Атрактивните сестри, кои веќе се добро познати во светот на модата, самоуверено чекореа по градската улица додека минувачите застануваа и ги вртеа главите по нив. Нивните необични комбинации ги откриваа нивните совршени фигури, додека проѕирните меурчиња ги покриваа клучните делови од телото и создаваа впечаток на футуристичка модна игра.
Во добро расположение и со насмевка, сестрите ја претворија прошетката во мал настап на отворено.
@elderordonez Brooks Nader and sisters spotted in coordinated bubble-inspired outfits for Jukebox in Tribeca, NYC today (🎥) @elderordonez1 #newyork #yourpage #fashion #beautiful #women
Кои се сестрите Надер?
Сестрите Надер доаѓаат од Луизијана, од малото гратче Марингуин во близина на Батон Руж, каде што пораснале во прилично скромни услови пред да се преселат во Њујорк и да започнат да градат кариера во модата и медиумите.
View this post on Instagram
Најпозната меѓу нив е Брукс Надер (родена 1997 година), американски модел, која стекна светска слава откако победи на натпреварот Sports Illustrated Swim Search во 2019 година, а подоцна стана и лице на насловната страница на изданието за пливање Sports Illustrated Swimsuit 2023.
Успехот на постарата сестра отвори врати за други, па Мери Холанд, Грејс Ан и Сара Џејн исто така се обидоа да се занимаваат со манекенство и медиуми, а денес сите четири работат во модната индустрија и живеат во Њујорк.
Нивната популарност дополнително порасна во 2025 година, кога добија свое реално шоу, „Love Thy Nader“, кое го следи нивниот живот во Њујорк, кариерите, романтичните врски и динамиката меѓу сестрите.
Брукс Надер е модел и ТВ личност, најпозната по „Спортс илустрејтид“ и бројни модни кампањи.
Мери Холанд Надер, покрај манекенството, работи и во областа на финансиите и wealth менаџмент.
Грејс Ан Надер е модел и ТВ личност, а има магистерска диплома по глобално јавно здравје. Сара Џејн Надер е модел и инфлуенсерка која често соработува со сестрите на кампањи.
Сите четири често работат заедно на модни проекти и кампањи и се познати по нивната многу блиска врска – тие дури и живееле заедно во истиот стан во Сохо во Њујорк некое време.
View this post on Instagram