„СЕСТРИ“ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ОСКАР Манифестацијата ќе се одржи на 27 март 2022 година ВИДЕО

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е предложен за категоријата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“.

935

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е избран за кандидат на Република Северна Македонија за престижната награда Оскар за 2022 година.

Одлуката ја донела Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, при Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ-Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели – актер, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.






Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи. Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи в недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

 

Поврзани содржини