Сопругот на трагично починатата актерка Наја Ривера, која се удави пред два месеца, Рајан Дорси живее со помладата сестра на Наја, Никајли и заедно се грижат за неговиот петгодишен син.
Оваа одлука предизвика бројни гласини дека Рајан и Никајли се во врска, но таа одлучи да проговори за тоа на својот Инстаграм.
„Во најмрачното време од мојот живот, единственото што е важно се моите пријатели и семејството. Да бидам тука за мојот внук, иако не можам ни за себе. Не ме интересира како изгледаат работите, бидејќи никој не може да го види секој тежок момент низ кој поминуваме сите. Најважното што го научив од сето тоа е да покажуваме сочувство, да не ги осудуваме другите и никогаш да не го земаме момент од животот здраво за готово. Се надевам дека сите ќе можете да го направите истото“, напиша Никајли на Инстаграм.
Петгодишната Џоси, кого 37-годишниот Дорси го доби со починатата актерка, беше со неа на езерото кога се удави. Како што подоцна рече, детето ја слушнало неговата мајка како повикува напомош пред таа да исчезне под површината на водата.