СЕРИСКИОТ УБИЕЦ СРЃАН МЛАЃАН УАПСЕН ВО ХРВАТСКА „За мене, единственото решение е куршум!“

Загледан во објективот на фоторепортерите, со белите „Најк“ патики со портокалови врвци и сината фасцикла во раце, човекот кој важи за сериски убиец во Хрватска повторно се појави пред судот во Вараждин.

0

Еден од најсуровите убијци во Хрватска, човекот кој во судница изјавил „За мене, единственото решение е куршум!“ и „Се гледаме во пеколот!“ повторно е во лисици и го чека судење. Јутарни лист пренесува дека по 9 месеци откако е покренато, е потврдено обвинението за Срѓан Млаѓан.

Се смета дека Млаѓан ги убил Елизабета Шубиќ, која дури и не ја познавал, пензионерот Петар Јанчиќ, полицаецот Миленко Врањковиќ Кинг, тој исто така ограбил банка, не се вратил на отсуство од затвор, го затворил семејството, го нападнал својот братучед во судница.






Загледан во објективот на фоторепортерите, со белите „Најк“ патики со портокалови пертли и сината фасцикла во раце, човекот кој важи за сериски убиец во Хрватска повторно се појави пред судот во Вараждин.

Млаѓан е веќе има пресуда од 29 години затвор за претходни крвави злосторства. Овојпат тој е обвинет за поттикнување на убиство, киднапирање и неовластен пристап до компјутерски систем.

Според обвинителството во Хрватска, во периодот од октомври до декември 2021 година, Млаѓан наводно барал од друг затвореник по неговото ослободување да пронајде неколку лица, сведоци за кои верувал дека придонеле за неговата осуда.

Наложил тие да бидат киднапирани, па дури и убиени.

Но, човекот кому му се обратил одбил да го изврши барањето и случајот го пријавил. Тоа станало основа за новата истрага.

Меѓу доказите, обвинителите внимателно анализирале и документарен филм каде неговиот венчален кум и поранешен цимер го нарекол „најопасно суштество и најголем измамник“.

Женачката на Млаѓан во затворот ја изненадила хрватска јавност. Со новиот случај, неговиот живот, преполн со насилство и судски процеси, уште еднаш се врати во центарот на вниманието.

Според правните рокови, Млаѓан требало да биде пуштен на слобода во 2027 година. Но, со новите обвиненија, таа можност изгледа сè понеостварлива.

Поврзани содржини