СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА Властите со СМС пораки ги известуваат туристите да бидат внимателни (ФОТО)
Според коментарите на членовите на оваа група СМС пораки добиле туристите кои се во Неа Пори, Врасна, Пефкохори, Неа Каликратиа, Сарти, Никити, Асправалта, Неа Мармарас, Неа Флогита, Полихроно, Ханиоти, Тасос, Неа Потидеа, Ставрос, Торони, Лептокарија и на многу други места.
Како што е објавено во Фејсбук групата „Грчка инфо“, на сите туристи кои се на одмор во таа земја добиле СМС известување за потенцијално опасно време.
Како што се наведува во пораката, во Грција во следните 48 часа се очекуваат невреме, грмежи, молњи и врнежи.
Во известувањето е споделен и линк преку кој туристите и локалното население можат да се информираат за однесувањето во случај на опасни временски услови.
„Избегнувајте непотребно движење, следете ги упатствата на надлежните органи“, се наведува во пораката.
Според коментарите на членовите на оваа група СМС пораки добиле туристите кои се во Неа Пори, Врасна, Пефкохори, Неа Каликратиа, Сарти, Никити, Асправалта, Неа Мармарас, Неа Флогита, Полихроно, Ханиоти, Тасос, Неа Потидеа, Ставрос, Торони, Лептокарија и на многу други места.
Да потсетиме, во истата група беше објавено видео од невремето кое ја зафати Грција.
Видеото е снимено во Сарти, кој е целосно поплавен. Сообраќајот е доста густ.
Ова се дел од коментарите:
– Дожд до сабота без престан, така вели прогнозата
– Сарти на вода
– Здраво комшии, ние сме преку улицата.
– Не мора да одиш на плажа, плажата дојде кај тебе.