СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МИНИСТРИТЕ Врие од полиција пред хрватската Влада

236

Хрватското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека распоредиле дополнителни сили околу зградата на Владата откако биле упатени телефонски закани до премиерот Андреј Пленковиќ и до  министрите.

Во утринските часови полициската управа во Загреб доби пријава од непознато лице, кое му се закануваше на премиерот на Република Хрватска и на членови на Владата.






„Со оглед на добиената пријава односно сериозноста на заканите, дополнителни полициски сили се испратени и распоредени. Полициски службеници спроведуваат кривична истрага со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето кое ги упатило заканите, извести полицијата.

Владиниот портпарол претходно потврди дека полицијата била информирана за заканата и поради тоа во Владата бил испратен тим за интервенција.

Поврзани содржини