Сериозен ли е? Петар Богојески се фали дека обезбедил 5 милиони вакцини АстраЗенека за Македонија!

8,517

Во целост пренесуваме Фејсбук статус на Петар Богојески:

Обезбедени вакцини за Македонија!






Должност на секој од нас е да помогне на татковината кога и е најтешко!

Мачнина ми паѓа кога гледам на каков срам и измачување, потсмев и омаловажување е изложен нашиот народ! Затоа се вложив себе си и своите пријатели од меѓународната заедница, да помогнеме и да обезбедиме вакцини за нашите граѓани.

Вакцините се обезбедени!!!

Во моментов додека го пишувам овој статус, на располагање ни стојат до 5 милиони вакцини од АстраЗенека од Велика Британија, кои може да бидат испорачани во Македонија за еден ден, откако нашата Влада ќе направи нарачка!

Моето е сторено!

Вакцините се најдени и обезбедени!

Сега на потег е Владата. Ќе ѝ бидат ставени на располагање сите потребни информации… да ги донесеме вакцините и да започнеме со најмасовната вакцинација од сите земји во светот и да дојдеме на прво место!

Сега не е време за плукање и обвинување, туку секој од нас да помогне колку може! Да си го спасиме народот од болеста! После можеме да се плукаме колку сакаме!

Поврзани содржини