СЕРИОЗЕН ДЕФЕКТ ГИ ОСТАВИ ЦЕНТАРЦИ БЕЗ СТРУЈА Екипи на ЕВН сѐ уште работат на терен
Од Електродистрибуција додаваат дека станува збор за посериозен дефект и дека прават напори граѓаните од овој дел на Скопје поскоро да добијат електрична енергија.
Прекин на 35-киловолтен далновод е причината поради која поголем дел од Центар рано утрово останаа без електрична енергија, информираат од ЕВН за Плусинфо.
– Поради дефект на 35/10 КВ трафостаница утрово, корисниците на скопското централно подрачје, Дебар Маалo и дел од Капиштец останаа без електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција ги префрлија засегнатите корисници на алтернативни напојни точки и истите имаат нормално снабдување со електрична енергија, а санацијата на дефектот сѐ уште трае – велат од ЕВН за Плусинфо.
Од Електродистрибуција додаваат дека станува збор за посериозен дефект и дека прават напори граѓаните од овој дел на Скопје поскоро да добијат нормално снабдување со електрична енергија.
Како што утрово информиравме, поради прекинот на електрична енергија, на дел од крстосниците на ова подрачје утринава се создаде поголем метеж. Семафорите не работеа, а сообраќајни полицајци го регулираа сообраќајот.
ДЕЛ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ОД НОЌЕСКА Е БЕЗ СТРУЈА Екипи на ЕВН работат на санирање на проблемот