СЕРГЕЈ ТРИФУНОВИЌ ПУШТЕН ОД ЗАТВОР Српскиот актер зад решетки поминал 24 часа

Актерот на 10 октомври по покана се пријавил во Јавното обвинителство на улица Бачванска.

764

Како што пренесува српски „Телеграф“, актерот Сергеј Трифуновиќ вчера излегол од затвор каде поминал 24 часа.

Имено, актерот на 10 октомври на покана на Стопанскиот суд се пријавил во Јавното обвинителство на улица Бачванска поради неплатена парична казна, по што веднаш по пресудата бил спроведен во затвор.






Зад решетки поминал само 24 часа, бидејќи веќе следниот ден некој ја платил казната за прекршокот што го направил и актерот бил пуштен на слобода.

„Сергеј вчера излезе од Централниот затвор, откако беше платена казната. Тој сам дошол по повикот на 10 октомври“, изјавил изворот за „Телеграф“.

 

Поврзани содржини