СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ОСЛАБНА СО ПОМОШ НА ЛЕКОВИ „Многумина имаат стигма околу GLP-1 лековите, но понекогаш ви треба помош“
Поранешната тенисерка изгубила повеќе од 13 килограми откако одлучила да зема лекови за слабеење. Измачувањето на Серена да ослабне и покрај нејзиното високо ниво на физичка подготвеност и здравата исхрана ја поттикна да ја донесе одлуката и да го направи тоа со помош на лекови
Серена Вилијамс ја покажа својата најтенка фигура досега на селфи направено пред огледалото во бањата додека тениската ѕвезда си ги мие забите.
На фотографијата Серена беше облечена во едноставна сива маичка и темно сиви боксерки, а косата ѝ е собрана зад рамената.

– Јас сум многу добар пример за тоа како можете да правите сè – да се храните здраво, да вежбате до тој степен што дури и ќе играте професионален спорт и ќе стигнете до финалето на Вимблдон и Отвореното првенство на САД – а сепак да не можете да ослабнете – изјавила таа за Women’s Health.
– Лекот GLP-1 не е кратенка. Не е изговор. Тоа е само уште една алатка за поддршка на моето здравствено патување – објаснува Серена.
View this post on Instagram
Серена додаде дека долго време се обидувала да ослабе, но не можела да постигне резултати.
По раѓањето на ќерката Алексис Олимпија во 2017 година, Серена имала проблеми со килограмите, а сличен проблем имала и по раѓањето на втората ќерка, Адира Ривер, во август 2023. Потоа започнала да истражува за лековите за слабеење, се едуцирала за нив и започнала да ги користи.
Започнала со неделни инјекции околу шест месеци по раѓањето на Адира, кога престанала да дои.
Таа нагласи дека никогаш не се чувствувала под притисок да изгледа на одреден начин и дека лекот го користела за да може да има здрав живот, а не само за да биде послаба.
– Секогаш сум се чувствувала удобно во која било големина. Но, чувствував дека моето тело не ја сака таа тежина. Имав болки во зглобовите и во различни делови од телото поради вишокот килограми откако станав мајка – вели таа.