СЕПТЕМВРИСКАТА ПЛАТА ФАЛИ И ВО „МАКЕДОНСКА ПОШТА“ Ако вработените не ја добијат, во вторник ќе излезат на штрајк
Во претпријатието работат 2.200 вработени.
Вработените во „Македонска пошта“, претрпијатие во државна сопственост, во вторник ќе излезат на протест пред Владата на Македонија, доколку не им биде исплатена заостанатата плата. Откако не добиле плата на 15 месецов, датум што според закон е одреден како краен во кој вработените во државата треба да земат плата, двете синдикални организации на Македонска пошта, втор ден по ред одржуваат предупредувачки протест за време на паузата.
Во претпријатието работат 2.200 вработени.