СЕПАРАТИСТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ГО КОНТРОЛИРААТ МАРИУПОЛ Останаа само 3.000 украински војници

Според сепаратистите, борбите сега главно се ограничени на градското пристаниште и челичарницата. Басурин тврди дека околу 3.000 украински војници останале во градот опколен од руски војници.

788

Проруските сепаратисти во источна Украина тврдат дека во голема мера го контролираат центарот на опколениот пристанишен град Мариупол, јави ДПА.

– Можеме да кажеме дека главната битка во централниот дел на градот е завршена – изјави денеска портпаролот на проруските сили во регионот на Доњецк, Едуард Басурин за руската државна телевизија.






Украина ги отфрла таквите наводи.

– Мариупол се држи – рече Олексиј Орестович, советник на претседателот на Зеленски.

Според сепаратистите, борбите сега главно се ограничени на градското пристаниште и челичарницата. Басурин тврди дека околу 3.000 украински војници останале во градот опколен од руски војници.

Градската управа, која побегна од Мариупол, смета дека во борбите за градот веќе се убиени десетици илјади цивили, а обидите за евакуација на преостанатото цивилно население неколкупати пропаднаа.

Поврзани содржини