СЕПАК НЕКОЈ МИСЛИ И НА АФРИКА Унгарија наместо во Украина ќе испрати воена помош во Чад

Унгарскиот министер исто така истакна дека за време на посетата на делегацијата од Чад, предводена од претседателот Махамат Идрис Деби, Унгарија и Чад потпишале голем број билатерални договори, меѓу кои и за борбата против илегалната имиграција и за соработката во областа на одбраната и на земјоделството.

923

Унгарија наместо во Украина ќе испрати одбранбена помош во Чад

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека неговата земја има намера да ги префрли своите средства на Европскиот фонд за мир за да му помогне на Чад, наместо на Украина.






На прес-конференција со својот колега од Чад, Сијарто потврди дека „унгарската влада презела иницијатива да одвои 14 милиони евра од Европскиот фонд за мир за зајакнување на одбранбените капацитети на Чад“.

Унгарскиот министер исто така истакна дека за време на посетата на делегацијата од Чад, предводена од претседателот Махамат Идрис Деби, Унгарија и Чад потпишале голем број билатерални договори, меѓу кои и за борбата против илегалната имиграција и за соработката во областа на одбраната и на земјоделството.

Поврзани содржини