СЕПАК НЕ Е КРИС ЕВАНС Пол Рад е избран за најсекси маж на планетата (ФОТО)
Актерот бил неверојатно изненаден кога дознал дека е прогласен за најсекси маж за 2021 година.
Иако мериканските медиуми неодамна пишуваа дека магазинот „Пипл“ ќе го прогласи актерот Крис Еванс за најсекси маж на светот, сепак титулата ја понесе неговиот колега Пол Рад (52).
Актерот бил неверојатно изненаден кога дознал дека е прогласен за најсекси маж за 2021 година.
Пол Рад досега слушнал сè – дека е љубезен, вреден… Но, дека е секси? Тоа навистина го затекнало.
„Свесен сум дека луѓето, кога ќе слушнат дека ќе ме прогласат за најсекси маж, ќе се изненадат“, изјавил Рад за „Пипл“.
„Ова не е лажна скромност. Има толку многу луѓе кои треба да го добијат ова пред мене“.
View this post on Instagram
Токму оваа скромност и искреност во комбинација со зелени очи и нежна насмевка е причината зошто публиката низ годините се вљубува во Рад.
И покрај тоа што е холивудска ѕвезда, Рад инсистира дека е најсреќен дома со сопругата Џули (53) и нивните деца Џек (17) и Дарби (12).
„Кога размислувам за себе, мислам за себе како сопруг и татко, тоа сум јас“, вели тој. „Само се дружам со семејството кога не работам. Тоа е она што најмногу ми се допаѓа“.
View this post on Instagram
Сега кога и официјално е најсексапилен маж на планетата, Рад очекува неговиот живот „многу да се промени“.
„Сега се надевам дека конечно ќе бидам поканет на една од оние секси вечери со Клуни, Пит и Б. Џордан. И претпоставувам дека ќе бидам на многу повеќе јахти. Возбуден сум што ќе бидам на повеќе јахти“, се пошегувал Рад.
ФОТО: Инстаграм