Сензација во затворот: Убиец и разбојник го победија Роналдињо (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер бил поразен од екипа во која биле 36-годишниот убиец Едгар Рамирес Отас и 33-годишниот крадец Давид Мерелес Мартинез, објавија локалните медиуми.

695

Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо веќе некое време се наоѓа во парагвајскиот затвор Асунсион поради приложување фалсификуван пасош, а освен тоа што таму активно го учи столарскиот занает, сепак честопати знае да одигра некоја партија фудбал со затворениците.

Но, деновиве во затворот се случила вистинска фудбалска сензација, бидејќи Роналдињо конечно изгубил еден фудбалски натпревар. Имено, бразилскиот фудбалер бил поразен од екипа во која биле 36-годишниот убиец Едгар Рамирес Отас и 33-годишниот крадец Давид Мерелес Мартинез, објавија локалните медиуми.






Поврзани содржини