СЕНЗАЦИЈА ВО КАТАР! Аутсајдерот Саудиска Арабија го победи фаворитот Аргентина

Аргентина не успеа да го достигне рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз меѓу септември 2018 и октомври 2021 година.

209

Третиот натпреварувачки ден на фудбалскиот Мундијал во Катар го донесе првото големо изненадување. Саудиска Арабија ја победи Аргентина која беше вбројувана помеѓу најголемите фаворити за трофејот.

Иако Аргентинците преку Лионел Меси први дојдоа во водство по само 10 минути игра, аутсајдерот направи целосен пресврт во второто полувреме со погодоците на Ал Шери во 48-та и Ал Dавашари пет минути подоцна.






При резултат 1:0 за Аргентина „гаучосите постигнаа уште три гола, но сите беа поништени поради офсајд.

Така заврши серијата без пораз на Аргентина по 36 добиени натпревари. Аргентина не успеа да го достигне рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз меѓу септември 2018 и октомври 2021 година.

Аргентина го загуби првиот натпревар на Светското првенство за прв пат по 1990 година.Тогаш „Гаучосите загубија од Камерун (0:1).

Следниот натпревар Аргентинците ќе го одржат на 26 ноември против Мексико.

Денеска на распоредот на Светското првенство се уште три натпревари. Од групата Ц ќе играат Полска и Мексико (17 часот).

Од 14 часот играат Данска – Тунис, а од 20 часот Франција – Австралија во 1. коло од Д-групата.

Поврзани содржини