СЕНКА ПОКРАЈ ВОЈВОТКАТА ОД САСЕКС Мистериозниот Маркус го нарекуваат нејзин втор сопруг
Маркус бил присутен на нејзината свадба во 2018 година и бил меѓу ретките поканети на забавата пред раѓањето на нејзиното прво дете, на која вообичаено присуствуваат само жени. Иако често патува со војвотката Меган и со нејзиното семејство, Маркус не сака јавнo да се експонира. Тој е директор за глобално членство во ексклузивниот клуб Soho House каде што и започнала љубовта меѓу принцот Хари и Меган.
На секоја фотографија од неа, некаде во позадина стои истиот човек. И кога се Хари и децата покрај неа, и кога е сама. Неговото име е Маркус Андерсон, а јавноста одамна го нарекува „вториот сопруг“ на војвотката од Сасекс.
Меган и Маркус се неразделни повеќе од една деценија. Без оглед дали оди на Модната недела во Париз, на семеен одмор во Дизниленд или на снимање на својата кулинарска емисија, покрај неа секогаш е токму тој.
Меѓутоа, Андерсон не е случаен придружник. Тој е директор за глобално членство во ексклузивниот клуб Soho House – местото каде што се запознале многу познати личности, а, според кралската експертка Кејти Никол, таму започнала и љубовната приказна меѓу Меган и принцот Хари.
– Принцот Хари го замолил Маркус да го запознае со Меган, не за состанок, туку да создаде природен момент на среќавање – изјавила Никол во документарец за кралската двојка.
Пријателство од Торонто до Виндзор
Меган и Маркус се запознале во Торонто, каде што таа ја снимала серијата Suits, а тој работел во канадската канцеларија на Soho House. Од тогаш останале блиски пријатели.
Тој бил присутен на нејзината свадба во 2018 година и бил меѓу ретките поканети на забавата пред раѓањето на нејзиното прво дете, на која вообичаено присуствуваат само жени.
Во својот поранешен блог The Tig, Меган го опиша Маркус како „љубезен, поддржувачки и бескрајно забавен пријател“.
View this post on Instagram
Дел од семејството, недостапен за јавноста
Иако често патува со војвотката и нејзиното семејство, Маркус не сака јавнo да се експонира.
– Не му е удобно да биде во центарот на вниманието. Тоа, едноставно не е негов стил – изјавил нивен заеднички познаник.
Сепак, неговата постојана присутност покрај Меган и денес предизвикува љубопитност и шпекулации во британските и американските медиуми.
Но за Меган, Маркус останува нејзината најсигурна поддршка и човекот кој бил таму и пред Хари, и за време на бурниот живот во кралското семејство, и денес, кога таа гради свој независен пат.