СЕМКИ, ВИНО И ГУМЕНИ БОНБОНИ Ова е диетата што ја претвори Анџелина Џоли во „коски и кожа“
„Анџелина Џоли отсекогаш сакала да јаде семки и житарки, но сега таа малку претера“, пишува магазинот повикувајќи се на извор близок до семејството на актерката.
Изгледот на попиларната Анџелина Џоли веќе со години е главна тема во жолтиот печат, но освен восхитување, нејзиното слабо тело предизвикува и загрижување кај фановите. Актерката која е висока 170 сантиметри, пред три години имала само 40 килограми.
Џоли тогаш зборуваше дека така изгледа поради стресот, бидејќи во тој период починала нејзианта мајка, па следувал и разводот со Бред Пит.
Сепак, магазинот „Мари Клер“ објави статија за нејзианта диета кога славната актерка изгубила повеќе од 15 килограми. Диетата се темелела на неколку јаткасти плодови и семки. Магазинот тврди дека Џоли постојано јадела мешавина од киноа, просо и чија семе.
„Анџелина Џоли отсекогаш сакала да јаде семки и житарки, но сега таа малку претера“, пишува магазинот повикувајќи се на извор близок до семејството на актерката.
Наводно, во тој период таа внесувала најмногу 600 калории во денот.
„Често го прескокнуваше ручекот или јадеше неколку бадеми и гумени бонбони. Сака да пие протеински шејкови. За вечера најчесто пиеше чаша црно вино“, пишува магазинот.