СЕМЕЈСТВОТО НА ЖРТВАТА ГИ ОСУДИ НЕМИРИТЕ ВО БЕЛФАСТ „Mногу мигранти со години се тука и придонесуваат за заедницата“

Откако Белфаст осамна со запалени куќи, автобуси и автомобили, семејството на човекот кој беше тешко повреден во нападот со нож побара трагедијата да не се претвора во пресметка со мигрантите.

0

Белфаст и натаму ги собира последиците од насилните немири што избувнаа по бруталниот напад со нож кој ја шокираше Северна Ирска.

Додека полицијата распоредува дополнителни сили на улиците, семејството на тешко повредениот Стивен Огилви испрати порака што оди во спротивна насока од гневот што се излеа низ градот.






„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека немирите што ги видовме не се добредојдени. Мирните протести се единствениот прифатлив пат напред“, порача семејството.

Тие нагласија дека многу мигранти со години живеат во заедницата и придонесуваат за општеството.

„Не сакаме оваа ужасна трагедија да се искористи за поделба на луѓето или за поттикнување непријателство“, додава семејството.

Куќи во пламен, семејства на улица

Немирите избувнаа откако на социјалните мрежи се проширија снимки од нападот.

Маскирани групи запалија куќи, автомобили и автобуси. Дел од жителите беа евакуирани среде ноќ.

Еден од погодените жители изјави дека немоќно гледал како му гори домот.

– Стоев таму и ја гледав мојата куќа како гори. Им реков дека тоа е мојот дом, но не им беше гајле – рече Џејми Кори.

Суданец обвинет за обид за убиство

Во меѓувреме, пред суд беше изведен 30-годишниот судански државјанин Хади Алодид.

Тој е обвинет за обид за убиство, откако жртвата се здобила со тешки повреди на лицето, вратот и грбот.

Британскиот премиер Кир Стармер и политичарите во Северна Ирска остро ги осудија немирите.

– Бркањето луѓе од нивните домови не е правилен одговор – порача Стармер.

Поврзани содржини