Семејството на Верица Белчовска ќе добие стан

583

Семејството на Верица Белчовска чии органи беа донирани откако таа почина ќе добие стан во Струмица, напиша министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на својот фејсбук профил.

„Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.






Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост“, објави Бочварски.

Поврзани содржини