СЕМЕЈСТВОТО НА ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ УШТЕ СЕ БОРИ ТОЈ ДА ИМА МУЗЕЈ Негодуваат архитектите и екологистите од Нови Сад

Во музејот на Балашевиќ треба да има и 11 соби за туристи, нешто што било предложено од Фондацијата „Балашевиќ“. Паркот покрај Дунав се наоѓа во местото Салајка, делот од Нови Сад во кој Балашевиќ живеел и е најпознат по него.

995

Архитектите во Нови Сад жестоко се противат на идејата во Универзитетскиот парк покрај Дунав, во зелено заштитетно подрачје да се изградат музеј, кафуле и продавница за сувенири во чест на починатиот кантавтор, легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, пишува Јутарни. Идејата потекнува од семејство на Ѓорѓе и сепак била прифатена од градската управа, додека барањата на архитектите и екологистите биле одбиени.

Во музејот на Балашевиќ треба да има и 11 соби за туристи, нешто што било предложено од Фондацијата „Балашевиќ“. Паркот покрај Дунав се наоѓа во местото Салајка, делот од Нови Сад во кој Балашевиќ живеел и е најпознат по него.






– Музејот како музеј е нешто што е конечно, а секако не е … конечно – затоа што Ѓорѓе е наше минато и нашата иднина, а ние сме неговата сегашност – изјави неговата сопруга Оливера која присуствуваше на јавна презентација на идејното решение за објектот и се сретна со градоначалникот Милош Вучевиќ.

Вучевиќ ѝ ветил на Оливера дека целосно ќе ја поддржи изградбата на музејот.

Поврзани содржини