Семејството на австрискиот министер Нехамер добива закани од исламистите

Својата омраза кон министерот Нехамер исламистите ја изразуваат пред се преку социјалните мрежи.

210

По терористичкиот напад и акциите против исламистичката сцена во Австрија, министерот за внатрешни работи Карл Нехамер се соочи со закани и кон него и кон неговото семејство.

Австриското Министерство за внатрешни работи потврди дека министерот Нехамер добил закани и дека неговата сопруга и двете деца добиле деноноќна полициска заштита од специјалната единица Кобра.






Својата омраза кон министерот Нехамер исламистите ја изразуваат пред се преку социјалните мрежи.

Сите закани, како што се наведува, се сфаќаат многу сериозно и поради тоа е утврдено дека покрај министерот, полициска заштита ќе добие и неговото семејство.

Поврзани содржини