СЕМЕЈСТВОТО ГУЧИ ПОДГОТВУВА ТУЖБА ЗА ФИЛМОТ СО ЛЕДИ ГАГА Патриција е убиец, а не наша жртва

Во драмата за убиството, пејачката Леди Гага ја глуми Патриција Реџани, која помина 16 години во затвор поради планирање на убиството на нејзиниот поранешен сопруг.

464

Семејството Гучи ѝ се закани на продукцијата на филмот „Куќата на Гучи“ (House Of Gucci) со тужба поради начинот на кој се портретирани во новиот филм на Ридли Скот, а особено поради претставувањето на Патриција Реџани – „Црната вдовица“ како жртва.

Наследниците на Алдо Гучи (го игра Ал Пачино во филмот) тврдеа дека „продукцијата на филмот не се потрудила да ги консултира“ пред да ги опишат претседателот на компанијата и „членовите на семејството Гучи како насилници, неуки и нечувствителни на светот околу нив“.






„Ова е исклучително болно од човечка гледна точка и навреда за наследството на кое денес е изграден брендот“, се наведува во соопштението кое во понеделникот го објави италијанскиот телевизиски сервис АНСА.

Во драмата за убиството, пејачката Леди Гага ја глуми Патриција Реџани, која помина 16 години во затвор поради планирање на убиството на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен шеф на модната компанија, Маурицио Гучи (го глуми Адам Драјвер).

Наследниците, кои ја воделе модната куќа „Гучи“ 33 години до средината на 80-тите, особено се навредени од прикажувањето на Патриција како жртва, и покрај тоа што таа беше „осудена дека била поттикнувач на убиството на Маурицио Гучи“. Националните медиуми ја нарекоа „Црна вдовица“.

Претставувањето на Реџани како „жртва која се обидувала да преживее во машка и мачо корпоративна култура е уште понепријатно“, се наведува во соопштението.

Не само во филмот, ваквото сочувствително претставување на Патриција се протега и во изјавите на членовите на актерската екипа, наведуваат наследниците на Гучи во својата изјава, која италијанските медиуми наголемо ја цитираа од италијанските откако беше објавена.

Во неодамнешното интервју за британски „Вог“, Гага рекла дека не сака да „велича некој кој би извршил убиство“ преку нејзиното портретирање на Реџани, туку дека сака да им „оддаде почит на жените кои низа историјата станале експерти за преживување“.

Семејството го отфрли тврдењето во филмот на Ридли Скот дека компанијата не ги вклучувала жените.

Констатирајќи ги овие невистини, се вели понатаму во соопштението, „семејството Гучи го задржува правото да преземе каква било иницијатива (неопходна) за заштита на своето име и имиџ“.

ФОТО: Инстаграм

 

 

Поврзани содржини