Семејство со аутистично дете под тортура од соседите: Нив им пречи и смеата на Лука

Не можеме повеќе да бегаме од својот дом! Само што се вративме од село кадешто бев со децата цел месец, на соседите почна да им пречи сѐ, дури и смеењето на Лука. Постојано насилно ни ѕвонат и ни тропаат на врата и пред децата на цел глас викаат дека Лука е 'ментално дете' на кое местото не му е тука, туку во институција. А државните институции си ја префрлаат топката меѓусебе и не советуваат да го продадеме станот за кој, патем, треба да плаќаме кредит во следните 30 години, вели мајката.

17,136

Ирена Николовска Ристановска е психолог во основното училиште с. Жван – Демир Хисар и претседател на здружението на психолози „Рилука“, Битола. Таа е и сопруга и мајка на осумгодишниот Лука и четиригодишната Јована. Поради потребите на Лука кој има аутизам, а во состојба на самоизолација и забрана за движење во Битола, тие цел месец престојувале во прилепското село Ерековци кај родителите на Ирена. Но само што се вратиле во својот дом во Битола, почнала тортурата на нивните соседи кои живеат спрат подолу во истата зграда, проблем со кој ова семејство живее речиси година ипол.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини