Семејство од Тетово поминува низ голгота на Неврохирургија: Мајка ми се зарази со корона пред операција, наместо да ја лекуваат, ја праќаат дома ВИДЕО

3,425

Жарко Трајковски, од Тетово за Алфа телевизија раскажа горко и болно искуство кое го доживеал со своето семејство откако нивната болна мајка ја однеле на операција во болница во Скопје, каде што се зарзила од ковид-19, по што медицинскиот персонал, наместо на лекување, сака пациентката да ја врати дома.

– Јас, татко ми и брат ми бевме на Клиниката за неврохирургија да потпишеме за операција, излезе медицинска сестра и ни кажа дека пациентот одбива операција. Пацинетот не е доволно свесен за да одбие, затоа ние сме тука да потпишеме за операцијата, а потоа не информираа да си ја земеме пацинетката дома, но ние одбивме. Мајка ми не знае ни како се вика, ни која година е родена, ни каде живее. По наше инсистирање пацинетка остана, после пак ни јавија да потпишеме. И таму и правеле тест излегол негативен. Вчера, пак ни кажаа да ја земеме затоа што е позитивна на ковид тест. Јас прашав: како може да ја однесеме со една болест, а да ја земеме со две болести? Она беше со два негативни теста, а третиот позитивен. Како да ја земам јас? Значи, таа е заразена во болница – вели Жарко Трајковски, син на пациентката во изјава за Алфа телевизија.






Поврзани содржини