СЕМЕЈСТВО ОД СТУДЕНИЧАНИ ДРЖИ ВО „ЗАЛОЖНИШТВО“ ПОЛОВИНА СЕЛО!? Ги блокира улиците околу нисконапонските изводи, 100 домаќинства немаат струја
Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот.
Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото, нѐ информираа од ЕВН.
Како што велат од компанијата за Плусинфо, дефектот не може да се отстрани поради едно семејство кое практично ги држи другите 100 домаќинства во заложништво, без снабдување со струја.
Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоилo и оградилo улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот.
– Неопходно е да се санира дефектот и да се реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија – велат од Електродистрибуција за Плусинфо.