Семејство од Америка живее во подземен бункер за да се заштити од короната ВИДЕО
Како што објавија локалните медиуми, ова семејство го подготвило засолништето до таа мера да може без проблем да живее под земја и повеќе од една година.
Некои Американци презедоа екстремни мерки за да ја избегнат глобалната пандемија со коронавирусот, а едно семејство од Јужна Дакота решило да се пресели во преуредено воено засолниште.

Како што објавија локалните медиуми, ова семејство го подготвило засолништето до таа мера да може без проблем да живее под земја и повеќе од една година.
Семејството Гембалас пред три години го купило поранешниот воен бункер направен од бетон и од челик во Јужна Дакота, а овие засолништа до 1967 година се користеле како складишта за бомби и за муниција.
Според тамошните медиуми, секој човек може да купи ваков бункер за 35.000 долари и може да го прилагоди според сопствена желба.