📽️ СЕМЕЈСТВАТА СЕ РАЗДЕЛИЈА, НО СВЕТОТ СЕ ОБЕДИНИ Парови се мајтапат со аферата „Колдплејгејт“ бегајќи од камерите

По скандалот бројни шеги излегоа на социјалните мрежи. Некои парови на познати настани почнаа да бегаат од камерите во „солидарност“ со љубовните од концертот на Колдплеј.

835

Заљубени двојки низ светот се мајтапат со аферата „Колдплејгејт“ со тоа што бегаат од камерите кои пробуваат да ги уловат на познати настани. „Семејства се одвоија, но светот се обедини“, гласи насловот на снимка објавена на Икс со овој најнов феномен откако изби аферата.

На 18 јули, директорот на познатата компнија Астрономер, Енди Бајрон, беше фатен како ја прергнува своја вработена на концерт на познатиот бенд „Колдплеј“. Фатени од камерата љубовниците пробаа да се истргнат од очите на јавноста.






Камерите не само што ги снимија, туку ги прикажаа и на големото платно – нешто како камерата за бакнување, многу популарна на спортските настани во САД.

Скандалот предизвика истрага во компанијата и доведе до оставката на Бајрон. По кратка истрага, компанијата го обвини дека не бил пример за лидер. Женетиот Бајрон и дома има проблеми. Тој беше фатен со шефицата за човечки ресурси. 

 

Концертите на групата „Колдплеј“ се меѓу најпосетуваните музички настани воопшто, а во публиката често има и до 70.000 луѓе. Затоа, човек би помислил дека камерата нема да го фати и дека е сосема безбеден ако, на пример, ја однесе својата љубовница на концерт наместо својата сопруга.

Медиумите пишуваа дека по скандалот бил траумитизиран и самиот пејач на „Колдплеј“, Крис Мартин, кој истата ноќ во несреќна изјава рече дека двајцата фатени на камера „или имаат љубовна афера или се многу, многу срамежливи“.

На наредните концерти Крис Мартин снимените парови од сцена ги прашувал глупави прашања за да се осигура дека се работи за вистински парови.

По скандалот бројни шеги излегоа на социјалните мрежи. Меѓу нив и мемето генерирано со вештачка интелигенција на кое Бајрон и љубовнита се прикажани како дел од серија на Симпсонови. „Скандалот го предвиделе Симпсонови“, гласеше шегата.

 

Астрономер е водечка компанија за вештачка интелигенција, поточно во развивање на data pipelines, алатка со која големата компанија може да има лесен увид до своите робусни бази на податоци.

Поврзани содржини