СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАЛОЖНИЦИТЕ ОД ГАЗА МУ ПИШАА НА ТРАМП Ќе смени ли нивното писмо нешто пред средбата со Нетанјаху?

Ве молиме, господине претседателе, не запирајте. Ни требате. Им требате и на 48 од нашите најблиски – нашите татковци, браќа, деца. Ги сакаме дома – се наведува во писмото објавено од Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица.

80

Семејствата на заложниците, кои Хамас сѐ уште ги држи во Појасот Газа, му упатија итно писмо на американскиот претседател Доналд Трамп пред неговата денешна средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Ве молиме, господине претседателе, не запирајте. Ни требате. Им требате и на 48 од нашите најблиски – нашите татковци, браќа, деца. Ги сакаме дома – се наведува во писмото објавено од Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица.






Израелската влада смета дека 20 од заложниците сè уште се живи. Според медиумски извештаи, Трамп планира да му предложи на Нетанјаху план од 21 точка план за прекин на борбите. Планот предвидува итно ослободување на заложниците на Хамас во замена за стотици палестински затвореници и повлекување на израелската армија од Појасот Газа.

Хамас нема да има улога во идното управување со Газа, а Израел нема да може да ја анектира територијата. Наместо тоа, ќе биде воспоставена транзициска управа.

Во пресрет на средбата, екстремно десните коалициски партнери и претставници на доселеничките заедници го повикаа Нетанјаху да анектира делови од Западниот Брег и да не ја завршува војната без целосен воен пораз на Хамас.

Во писмото, семејствата го замолуваат Трамп да „застане цврсто против сите обиди за саботирање на договорот што го донесе“.

„Вашиот двоен фокус на завршување на војната и враќање на сите 48 заложници дома е во остра спротивност со проширената војна што Израел моментално ја води. Сакаме да Ви се заблагодариме што храбро се држите до вашето убедување и покрај овој контраст“, ​​се наведува во писмото.

Поврзани содржини