Семејствата на починатите од ковид-19 во Бергамо ги тужат властите, бараат отштета
Во тужбата се бараат по 259.000 евра за семејството на секој починат
Членови од семејствата на починатите од ковид-19 во Италија преземаат правни активности против премиерот, министерот за здравство и претседателот на регионот Ломбардија за небрежност во управувањето со кризата предизвикана од пандемијата, пренесува „The Guardian“.
Роднините на 500-те починати денеска поднесоа граѓанска тужба во провинцијата Бергамо, која беше силно погодена за време на првиот бран на пандемијата. Тие тврдат дека тројцата водечки луѓе, Џузепе Конте, Роберто Сперанца и Атилио Фонтана, се соучесници во смртта на скоро 70.000 починати од ковид-19.
Во тужбата се бараат по 259.000 евра за семејството на секој починат
Во тужбата се тврди дека тројцата лидери се одговорни за тоа што не успеале навремено да ги стават во карантин градовите Алзано Ломбардо и Нембро кон крајот на февруари, и покрај препораките на експертите. Се тврди дека тие не го надградиле националниот план или го спроведоа регионалниот што требаше да се направи.
Адвокатот Консуело Локати, кој ги застапува семејствата на починатите, бара 259.000 евра обештетување за секое семејство. Судската постапка беше иницирана од групата „Нои Денункремо“, која од април ги собира членовите на семејствата на починатите. Досега, групата поднесе околу 300 претставки до локалните власти како дел од истрагата што ја започна обвинителството во Бергамо во јуни, во детали за тоа како починале жртвите.
Истражувањата покажаа кој е одговорен за трагедијата
Локати рече дека не биле идентификувани виновници или причинители за време на истрагата за жалбите поднесени до обвинителството. Но, таа објасни дека истражувањето што го спровеле последните месеци довело до откривање на кој е одговорен и тие одлучиле да покренат граѓанска постапка.
Локати рече дека властите се одговорни за непочитување на правилата.
– Според законот во Италија, потребно е да се има адекватен национален план, а регионалните власти мора да го спроведат регионалниот план според него – рече таа. Таа додаде дека не само што националниот план е застарен, туку воопшто не е тестиран за да се види дали тој функционира. Италија е прва европска земја погодена од пандемијата. Планот кој беше во сила за пандемии во Италија датира од 2006 година.