СЕМЕЈСТВАТА И ДРЖАВАТА ГИ ЗГРИЖИЈА СТАРИТЕ ЛИЦА ОД ЗАТВОРЕНИТЕ СТАРСКИ ДОМОВИ Оние кои имаат потреба се лекуваат на скопските клиники

Министерството за социјална политика информира дека дел од старите лица се сместени во своите семејства, а дел се во државните домови за стари.

487

Семејствата и институциите ги згрижија штитениците на двата приватни старски дома во Скопје што беа затворени завчера, откако истрагата утврди дека во нив биле вршени злоупотреби и физичко насилство врз старите лица.

Министерството за социјална политика информира дека дел од старите лица се сместени во своите семејства, а дел се во државните домови за стари.






– Министерството за социјална политика, демографија и млади е во постојан контакт со семејствата и со поставените старатели за превземање на корисниците. Дел од корисниците се  прифатени од своите семејства, додека за одредени корисници се отворени вратите на државните старски домови и на Клиничката болница во Скопје, доколку е утврдена потреба од лекување – одговорија од Министерството на прашањето на Плусинфо дали се сместени сите корисници на двата старски дома.

Од министерството велат дека инспекциската служба при министерството врши редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори согласно донесена Годишна програма и истите се утврдени со месечни планови за работа.

– Контролите се вршат во согласност со Законот за социјална заштита и подзаконските акти донесени врз негова основа, а се однесуваат на исполнувањето на нормативите и стандардите за простор, опрема и кадри потребни за непречено функционирање на установата и грижа за старите лица – велат од министерството.

Во моментов во Македонија функционираат 5 јавни установи за вонсемејна заштита на стари лица со сместувачки капацитет од 654 корисници.

– Приватните старски домови се евидентирани во Регистарот на лиценцирани даватели на социјални услуги, јавно достапен на веб страната на министерството. Сместувачкиот капацитет во истите варира зависно од добиената дозвола за работа за секоја приватна установа поединечно и тоа за најмалку 35 корисници, до најмногу 150 корисници – објаснуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје, кои се сомничат за нехуман, суров, деградирачки, нечовечки и понижувачки третман на стари лица за кои нивните семејства плаќале услуга за вонсемејно домување.

 

ПО ДВАЈЦА СПИЕЛЕ ВО ИСТ КРЕВЕТ, ИМ ДАВАЛЕ ХРАНА СО ИЗМИНАТ РОК И ЛЕКОВИ НА СВОЈА РАКА Две газдарици на старски домови трупале стари лица ама и по 36.000 евра месечно

Поврзани содржини