Онор Улот (19), наследничка на пиварницата Гинис, починала во јули додека семејството правело скара, кога ја пронашке на дното на базенот.
Вештакот сега потврди дека младата девојка го загубила животот во трагичната несреќа, а многумина сметаат дека таа се лизнала и ја удрила главата.
Нејзиното безживотно тело го пронашол нејзиниот 15-годишен брат Руфус и тој веднаш ја извлекол на површината, пишува „Дејли мејл“.
Сите присутни на семејната средба рекле дека не виделе што ѝ се случило. Онор веднаш била префрлена во болница, но за жал, премногу доцна.
Полицијата имала неколку теории, вклучувајќи дека таа скокнала во водата и ја удрила главата или се лизнала и ја удрила главата, но сепак, немало сведоци, па причината за нејзината смрт е наведена како несреќа.
– Таа секогаш јасно ставаше до знаење дека, ако ѝ се случи нешто, би сакала нејзините органи да бидат донирани на оние на кои им е потребно тоа. Ние изгубивме ќерка и сестра која внесе светлина и радост во нашите животи. Таа беше толку забавна и полна со добрина. Таа ја имаше способноста да ги зближи луѓето и да ги направи да се чувствуваат добро – рекло нејзиното семејство откако одлучило да ги донира нејзините органи.
„Проколнатото“ семејство Гинис
Артур Гинис, кој ја основаше пиварницата во 1759 година, имаше 21 дете, но изгуби десет пред својата смрт. Многу од неговите внуци станале алкохоличари, починале во сиромаштија или завршиле во ментални институции. Леди Хенриета Гинис скокна од мост во Италија во 1978 година по сообраќајна несреќа на француската ривиера од која никогаш не закрепна.
ФОТО: Фејсбук