СЕМЕЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ ГИ РЕШАВАЛЕ ВО АВТОБУС НА ЈСП Мажот ја нападнал партнерката, а за малку ќе удрел и по патниците
Вчера во 14.45 часот во Полициската станица Центар, М.Л.(42) од Скопје пријавила дека околу 01.30 часот во градски автобус на подрачјето на Центар, поради нарушени односи, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.С., информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оштетената изјавила и дека В.С. се однесувал агресивно и кон останатите патници во автобусот.
„По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.