СЕМЕЈНИ ФОТОГРАФИИ И ОМИЛЕНИОТ ПИШТОЛ НА АЛ КАПОНЕ НА ПРОДАЖБА Внуките на мафијашот решиле да се ослободат од товарот

На аукцијата во Сакраменто на 28 август, ќе има уште некое оружје во сопственост на Ал и Сони, дел од златник, неговиот џебен часовник изработен од платина и дијаманти, мебел, сребро, порцелан и накит и домашен филм на стара лента „во кој се Ал Капоне и соработниците“

347

Внуките на американскиот гангстер Ал Капоне (1899-1947), кои со децении живеат мирен живот во САД, подготвуваат аукција за продажба на приватните предмети на нивниот дедо, како што е неговиот омилен пиштол, фотографии со семејството и „соработниците“ и писмото што од затворот Алкатраз му го испратил на синот Сони.

На аукцијата во Сакраменто на 28 август, ќе има уште некое оружје во сопственост на Ал и Сони, дел од златник, неговиот џебен часовник изработен од платина и дијаманти, мебел, сребро, порцелан и накит и домашен филм на стара лента „во кој се Ал Капоне и соработниците“, соопшти весникот „Сан Франциско Хроникал“.

 






Аукцискиот каталог се состои од 174 предмети.

Дајан Капоне (77), една од трите живи внуки на поранешниот мафијашки бос, чиј живот служеше и како мотив за познатиот филм „Скарфејс“, вели дека одлучиле за продавање бидејќи сите имале над седумдесет години.

-Решивме дека е време да се справиме со тоа и да и дозволиме на јавноста да ги има тие предмети – рече таа.

Поврзани содржини