Семејни донации за популизам
Луѓе молат по социјални мрежи за плазма, за пари, за кислород, за лекови, вие спасувате економија. Сите презедоа сериозни чекори и мерки, вие карате граѓани и спроведувате државен морализам.
Донација амбуланта од семејство Заеви – владее фамилија или државата со оваа земја?!
Како може од буџетски резерви да се вадат експресно средства за фудбалерите, кога за амбуланта која е 5% од вредноста се немаат пари?!
Значи дека државата ти служи за популизам. И семејните донации ти служат за популизам.
Тотално изместени од реалноста.
Можеби ќе ве интересира
Потоа, си терате и понатаму деструктивни кампањи и лов на вештерки, во ситуација кога здравствената состојба е очајна, буквално катастрофална.
Спасувате економија додека во болниците се случуваат човечки драми, луѓе молат за влез, а знаеме, кој влезе 90% не ни излегува.
Луѓе молат по социјални мрежи за плазма, за пари, за кислород, за лекови, вие спасувате економија.
Сите презедоа сериозни чекори и мерки, вие карате граѓани и спроведувате државен морализам.
Нема дечки, ова се вика воено профитерство, нема друг термин за вашето неодговорно однесување.
(ФБ статус на авторот)