📷 📽️ СЕМЕЈНАТА КАВГА ПРОДОЛЖУВА Помладиот брат го исмејува Бруклин Бекам на социјалните мрежи
Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам (26) досега се обидел на разни професии – се занимаваше со манекенство, фотографија, готвење, се обиде во фудбал… Најновиот кариерен потфат на Бруклин беше приклучувањето кон Формула Е. Формула Е е автомобилско натпреварување организирано од Меѓународната автомобилска федерација.

Круз Бекам јавно го исмејуваше својот постар брат за неговите многубројни краткотрајни кариери, дополнително поттикнувајќи ги гласините за семејна расправија. Тој објави видео на ТикТок на кое го изведува својот нов сингл „For Ya Love“. Кога еден следбеник го праша 20-годишниот Круз дали ќе продолжи со оваа работа или ќе стане возач на тркачки автомобили или нешто друго, Круз одговори: „Погрешен брат, пријателе“, алудирајќи на сопствениот брат Бруклин.
Неговиот коментар доби многу лајкови. Некои други луѓе во коментарите го помешаа Круз со Бруклин и напишаа дека секој ден има нова кариера.
Во 2017 година, Бруклин се обиде да ја зацврсти кариерата во фотографијата со објавувањето на својата книга „Што гледам“. Меѓутоа, тој не успеа да се етаблира како фотограф и покрај тоа што неговата книга се продаде во повеќе од 25.000 примероци. Тој се обиде да започне и кулинарска кариера, но неговите видео-рецепти биле исмејувани на социјалните мрежи.
По интензивниот тренинг за „Ево сешнс“, трка на Меѓународната патека во Мајами, тој изјави за „Дејли мејл“: „Мојата сопруга, Никола, беше малку загрижена. Потоа ме виде во мојата тркачка облека и рече: „Треба да го работиш ова како работа. Изгледаш навистина добро“. Па можеби ќе ја сменам кариерата!“
Бруклин потоа призна дека пробал неколку работи во текот на годините, но дека конечно ја пронашол својата страст.
„Отсекогаш сум бил љубител на трките и навистина уживав во тоа. Тоа е она за што сум страсен. И дадов сè од себе. Ја спуштам главата и не слушам никого“, рекол тој.
Гласини за караница меѓу семејството Бекам кружат веќе некое време. Бруклин ги подгреа шпекулациите во мај кога тој и неговата сопруга Никола ја пропуштија забавата по повод 50-тиот роденден на неговиот татко Дејвид Бекам.
И покрај сите семејни тензии, Дејвид се чинеше дека му подаде рака на помирување на Бруклин кога го поздрави во неговата чест за Денот на татковците минатата недела.