СЕМЕЈНА ПРИКАЗНА ОД 4 ПОКОЛЕНИЈА „Еуроимпекс“ со голема прослава го одбележа 35-годишниот јубилеј

Со македонска музика, традиционални симболи и најновите „Peugeot“ и „Opel“ модели, „Еуроимпекс“ ја одбележа 35-годишнината од своето постоење.

94

Во средата, на 10 септември 2025 година, првата приватна македонска компанија со дејност од автомобилската индустрија, „Еуроимпекс“, одбележа јубилеј од 35 години успешно стопанисување. Настанот беше посветен на тимот на вработени во компанијата, а организаторите најавија дека оваа прослава ќе остане долго да се памети.

„Еуроимпекс“ започна со работа во 1990 година, во време кога во Македонија немаше ниту една приватна компанија за продажба на автомобили. Основана од семејството Воиновски, компанијата започна скромно со само тројца вработени, а денес се гордее со тим од 150 вработени во Скопје и Белград, застапувајќи два автомобилски бренда на пазарот во пет држави од регионот.






– Бележиме автомобилска традиција од три поколенија… почнувајќи од нашиот дедо, потоа нашиот татко, сега јас и брат ми, а веќе и следната, четврта генерација Воиновски е тука, подготвена да продолжи по истиот пат. Од тука потекнуваат и оние вистински семејни вредности кои се рефлектираат во целокупното работење, како кон клиентите, така и кон нашиот тим. Нашиот тим е компактен, постојан, кој секогаш се грижи за своите клиенти. Со таков пристап се градат нераскинливи врски помеѓу компанијата, клиентите и соработниците. Ние сите заедно, преку доверба, создаваме иднина – изјави Кирил Воиновски, генерален директор на „Еуроимпекс“.

Компанијата е најпрепознатлива по застапништвото на Peugeot во Македонија и регионот, но е и генерален увозник на „TotalEnergies“, „Milwaukee“, „Bahco“ и „Irimo“. Дополнително, се грижи за развојот на ловиштето Ниџе, а од 2020 година е генерален застапник и на германскиот бренд „Opel“ во Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора.

– Горди сме на нашата 35-годишна традиција на раст и развој. Но, тука не застануваме. Чест ми е да најавам дека заедно со тимот на „Еуроимпекс“, работиме во насока на изградба на два нови репрезентативни деловни центри – едниот во Скопје, другиот во Белград. Заедно целиме кон уште подобри 35 години! – изјави Даниел Воиновски, генерален директор на компанијата.

Свеченоста беше обоена со македонски симболи и традиција. Гостите беа пречекани од лица во народни носии кои послужуваа локум, а пред нив беа изложени историски „Peugeot“ возила, осветлени со најновите модели на „Peugeot“ и „Opel“. Добредојде во ресторанот им беше посакано со шампањ и малини, симболичен гест кој ја најави иднината на компанијата.

За музичкиот дел се погрижија Дина и „The Ringtones“, кои ги изведоа најпознатите македонски шлагери, додека специјален настап имаше Калиопи – амбасадор на „Peugeot“ брендот во Македонија. Нејзиниот настап предизвика бурни аплаузи и овации од присутните гости. Забавата продолжи со настапи на кирилица, а гостите беа испратени со ракија и домашен мед.

Настанот не беше само прослава, туку и признание за вредностите на „Еуроимпекс“ – компанија која 35 години ја гради својата приказна со посветеност кон клиентите, соработниците и семејните вредности.

Поврзани содржини