СЕМЕЈНА НЕСРЕЌА КАЈ МАКЕДОНСКИ БРОД Една жена загина, тројца се повредени во превртен „цитроен“

Возилото излетало од коловозот на локален пат, а повредените веднаш се пренесени во болница во Прилеп.

0

Во несреќа што се случи вчера попладне на локален пат за село Русјаци, општина Македонски Брод, животот го загуби 41-годишната К.С.С. од Кичево. Автомобилот „џитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од нејзиниот сопруг, исто така од Кичево, излетал од коловозот и се превртел.

Од здобиените повреди на местото на несреќата жената починала, а лекар констатирал смрт. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.






Сопатниците, С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница Прилеп каде им е укажана медицинска помош.

– Несреќата се случи на кривина со тесен коловоз, возилото излетало од патот и се превртело. Сопатниците се стабилни и примаат терапија – изјавија од СВР Битола, каде што извршиле увид на местото на несреќата.

Поврзани содржини